Технологија
DeepSeek на мета: Повеќе земји ја блокираа апликацијата поради ризици за приватноста на корисниците
Апликацијата „DeepSeek“ на кинеската компанија за вештачка интелигенција привлекува внимание на глобално ниво, поради загриженоста околу заштитата на личните податоци на корисниците.
Европските регулатори започнаа истрага за потенцијално прекршување на GDPR и пренос на податоци во Кина. Италија, како и други земји, веќе ја блокираа апликацијата додека се истражува кои податоци се собираат и како се користат.
Иако апликацијата претставува нови иновации во вештачката интелигенција, критиките се однесуваат на нејзината политика за приватност.



