Наука
Космодром за приватни летови на два часа од Москва
Руската компанија „Космокурс“ која гради брод за приватни летови во орбитата, планира да изгради космодром во централниот дел на Русија, наведе Павел Пушкин, генералниот директор на компанијата.
– Моментално ја разгледуваме можноста за изградба на космодром на територијата на централниот дел на Русија. Активно преговараме со повеќе региони во врска со локацијата на космодромот. Засега не можеме да кажеме за кои региони станува збор, нагласи Пушкин.
Според него, патувањето од Москва до космодромот би траело помалку од два часа.




