Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Техномаркет го отвори својот нов салон во Аеродром

Технологија

Техномаркет го отвори својот нов салон во Аеродром

Техномаркет го отвори својот нов салон во Аеродром

Вчера, точно напладне, пред голем број на купувачи и соработници, се отворија вратите на новиот салон на Техномаркет во Аеродром, и со тоа свечено се означи почетокот на уште една успешна приказна. Започна со работа уште еден голем маркет кој се простира на површина од 700 м2, на два ката, со сопствен паркинг и пријатна атмосфера.

По повод неговото отворање, во овој маркет се организираат големи специјални попусти на сите категории на производи.

,,Со гордост соопштуваме дека овој маркет е уште еден од низата наши маркети, 16-ти по ред. Техномаркет е еден од првите и најголеми маркети за техника во нашата земја. Ја продолжуваме традицијата на квалитет и доверба и чекориме со крупни чекори напред. Нашиот успех го должиме и на нашите соработници, брендовите со кои имаме беспрекорна долгогодишна соработка, со кои заедно растеме и остваруваме. Но секако, наш најголем успех се задоволните лица на купувачите.

По повод отворањето, овие два дена во нашиот нов маркет купувачите ќе можат да купуваат по неверојатно ниски цени, бела техника, телевизори, апарати за домаќинство, и уште многу други производи за себе или за својот дом. Дел од залихите се ограничени и попустот ќе трае до нивното исцрпување. ”- велат од Техномаркет.

Маркетот е лоциран на бул. Србија, бр. 48, меѓу населбите Аеродром и Ново Лисиче. Освен овој маркет и петте други салони во Скопје, Техномаркет има свои продажни салони во Битола, Прилеп, Куманово, Велес, Гостивар, Кочани, Штип, Струмица, Охрид и Струга.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Технологија

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.