Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Водич за купување на Bespoke апарати за домаќинство на Samsung

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Технологија

Водич за купување на Bespoke апарати за домаќинство на Samsung

Изборот на домашни апарати често не е лесна задача. Треба да внимавате на бројни детали, почнувајќи од функционалноста, па се до самиот дизајн, кој одлично би се вклопил во вашиот ентериер.

Затоа, доколку размислувате и за опремување на вашиот животен простор со висококвалитетни уреди кои ќе ви олеснат бројни секојдневни активности во домаќинството, иновативните домашни апарати на Samsung се идеалниот избор за вас.

Bespoke Jet™ AI стик правосмукалка која го препознава типот на површината и темелно ја чисти

Извонреден уред со кој можете да чистите различни типови на подови со максимална моќност на вшмукување од 280W и функции кои обезбедуваат ефикасно и хигиенско чистење кое не остава прашина во воздухот е  паметната правосмукалка Samsung Bespoke Jet Al. Со својот фантастичен и елегантен дизајн ова е една од најмоќните Samsung стик правосмукалки на пазарот со HexaJet Motor чија  мултициклонската филтрација на воздухот задржува 99,99 % од најмалите честички прашина. 

Покрај тоа, содржи и батерија која трае 100 минути, што е доволно за чистење на целата куќа. Благодарение на вештачката интелигенција, правосмукалката препознава различни типови на подови и темелно го чисти секој од нив, додека ротирачкиот циклон отстранува 99% од влакната (вклучувајќи ги и влакната од домашни миленици, се разбира!) благодарение на технологијата Air Spin Edge. Конечно, едноставно и хигиенски испразнете го садот за прав и наполнете ја правосмукалката преку мултифункционалната станица за чистење. Исто така, чистењето никогаш не било полесно бидејќи нема да мора да се грижите за недостапните површини. Можете да го прилагодите стапот за правосмукалка на вашата висина, така што ниту еден агол нема да ви претставува проблем.

Вкусни јадења од рерната со системот Dual Cook и Dual Cook Flex

Доколку сте од оние кои сакаат да подготвуваат, но и уживаат во вкусните јадења, ви ја препорачуваме рерната Samsung со системите Dual Cook и Dual Cook Flex. Благодарение на оваа рерна, подготовката на храната е поедноставна и побрзо од кога било, бидејќи имате можност истовремено да ја подготвувате на два начина – со печење и на пареа. Всушност, со функцијата Dual Cook Steam™, можете да подготвите здрав оброк на пареа додека истовремено подготвувате различни јадења во рерната на различни поставки. Горната и долната зона за готвење во системот Dual Cook Flex можат да работат и независно и заедно. На пример, можете да ја користите само горната зона за помали оброци, двете зони за подготовка на оброци на различни температури и временски поставки или целата рерна како единица за поголем оброк. 

Исто така, доколку сте љубител на пржена храна, подгответе ја во поздрава верзија со поинакво пржење. Имено, опцијата за пржење на воздух комбинира специјална подлога со циркулација на топол воздух што ја обвива храната. Ова е идеален начин за подготовка на помфрит, крокети или дури и зеленчук, бидејќи така се отстранува вишокот маснотии, а намирниците остануваат крцкави и убаво заруменети однадвор и сочни одвнатре. Покрај функционалноста, рерната се карактеризира со модернизиран дизајн и елегантна контролна табла со LCD дисплеј од 4,3 инчи, контроли на допир и само едно копче. Врз основа на шемите на користење, екранот ги прикажува најчесто користените опции, кои може брзо да се изберат.

Сеопфатно ладење и складирање на храна и пијалоци

Од производната линија на Samsung, предлагаме и Bespoke фрижидер со долен замрзнувач и технологија SpaceMax™, кој со својата длабочина од 600 mm ги задоволува стандардите за кујнски елементи и е на исто ниво со нив. Неговата предност се исклучително тенки ѕидови во кои е вградена високо ефективна изолација со технологијата SpaceMax™. На овој начин се создава повеќе простор во внатрешноста, а фрижидерот ја следи линијата на работните елементи. Она што со сигурност се знае е дека храната ќе биде совршено изладена, бидејќи сеопфатниот систем за ладење рамномерно ја лади секоја преграда и секој агол. Постојано ја проверува температурата и вбризгува ладен воздух низ стратешки поставените отвори. На располагање ви е и фиоката Humidity Fresh + која овозможува оптимална влажност и долготрајна свежина на храната. Исто така, повеќе не треба да трошите енергија за да го одмрзнете вашиот фрижидер, бидејќи технологијата No Frost ја зголемува циркулацијата на воздухот и одржува стабилна температура, што го спречува создавањето на мраз. На овој начин многу побрзо се постигнува саканата температура, а системот за ладење е помалку оптоварен, па фрижидерот трае подолго. Дополнително, овој Bespoke фрижидер можете, освен во стандардните бела, црна и сребрена боја,  да го имате и во фантастични бои како лаванда, сина и беж.

Лесна за чистење и мирисна облека

Кога станува збор за чиста и миризлива облека, во игра доаѓа машината за перење Samsung WW9400B. Оваа машина со технологија AI Eco Bubble™ и AI Wash обезбедува ефикасно перење дури и при пониски температури. Создава меурчиња кои отстрануваат 24% повеќе нечистотија при ниски температури, заштедува 70% енергија и обезбедува 45% подобра нега на ткаенината. Исто така, го препознава типот на ткаенината и ја оптимизира количината на меурчиња, времето на циклусот, температурата и брзината на центрифугирање. Дополнително, одлично се вклопува во вашиот ентериер, па истовремено ќе го разубавите вашиот дом и пере поголема количина алишта благодарение на огромниот волумен од 11 kg во стандардно куќиште со длабочина од 600 mm. SpaceMax™ ви овозможува да добиете повеќе простор внатре, за да можете да перете повеќе алишта, вклучувајќи големи ќебиња и постелнина. Со помош на вештачката интелигенција, перењето е лесно и ефикасно, бидејќи оваа машина ги „памти“ вашите навики, предлага соодветна програма за перење и навреме ги прикажува потребните информации. Апликацијата SmartThings исто така обезбедува програмски совети, креира планови и решава проблеми. Покрај тоа, автоматски ја избира најдобрата програма за сушење за одредено оптоварување на машината.

Контролирајте ги и управувајте со апаратите за домаќинството од вашиот мобилен телефон

Навистина е одлична опцијата која е овозможена од апликацијата SmartThings со која ќе можете машината за перење да ја вклучите или проверувате и кога не сте дома, или пак да го стоплите ручекот уште пред да се вратите од работа, и сето тоа од вашиот нов смартфон Galaxy S24 Ultra, Galaxy S24+ или Galaxy S24. Апликацијата SmartThings всушност ви овозможува да ги следите и контролирате сите ваши паметни уреди на едно место – на телефонот, таблетот, паметниот часовник, телевизорот Samsung. Апликацијата беспрекорно функционира на секој Galaxy телефон и е компатибилна со илјадници паметни уреди. 

Дополнителна придобивка за Вас!

Многу од апаратите за домаќинство од линијата Bespoke, како и други, се во моментов на промоција со продолжена гаранција од 5 години (2 години редовна + 3 години дополнителна) или 3 години (2 години редовна + 1 година дополнителна гарација). Сега е вистинското време да се одлучите за некои од овие иновативни уреди кои совршено ќе се вклопат во вашиот дом и животен стил. 

Повеќе информации за производите прочитајте на следниве линкоови:

https://www.samsung.com/mk/vacuum-cleaners/stick/bespoke-jet-ai-black-vs28c9784qk-ge/

https://www.samsung.com/mk/cooking-appliances/ovens/nv7000b-6series-dual-cook-flex-full-steam-6series-dual-cook-flex-nv7b6795jak-u3/

https://www.samsung.com/mk/refrigerators/bespoke-refrigerators/rb7300-344l-lavender-rb34a7b5dcl-ef/

https://www.samsung.com/mk/washers-and-dryers/washing-machines/ww9400b-front-loading-ai-ecobubble-ai-wash-bespoke-design-with-space-max-11kg-white-ww11bb944dghs7/

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Технологија

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.