Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Патувањето стана многу попаметно благодарение на Samsung Galaxy S24

Комерцијална објава

Технологија

Патувањето стана многу попаметно благодарение на Samsung Galaxy S24

Патувањето е често исполнето со неочекувани предизвици и сложености, но тоа стана полесно. Серијата Samsung Galaxy S24 со Galaxy AI[1] е личен водич за патување во вашиот џеб што го прави искуството полесно и подостапно од кога било.

Размислувате за викенд во Париз? Благодарение на Летните олимписки игри, оваа дестинација ќе стане уште попривлечна. Еве ги сите начини на кои Galaxy AI може да го олесни патувањето, од планирање и подобро комуницирање до откривање култури и создавање одлични спомени.

ТРИ МЕСЕЦИ ПРЕД ПАТУВАЊЕТО: Составувате (интелигентен) тридневен распоред.

Вештачката интелигенција може да помогне да се елиминира неодлучноста за патувањето и да се одговори на прашањето: Каде да одам?

На пример, додека разгледувате низ социјалните мрежи, една фотографија со изложба во парискиот музеј Орсеј го привлекува вашето внимание. Наместо да менувате апликации за да дознаете повеќе, ја користите функцијата Пребарување со заокружување (Circle to Search) на Galaxy S24 (достапна од 31 јануари), која ви овозможува да дејствувате според инспирацијата во моментот кога ќе се појави.

Притиснете и држете го копчето за почееток за да ја активирате функцијата. Новото искуство, кое ги носи најновите способности за вештачка интелигенција на Google до корисниците на Galaxy, ви овозможува да го пребарувате сето она што се прикажува на вашиот екран, вклучувајќи слики, видео записи или текст[2]. Со прстот или со пенкалото S Pen на Samsung ќе можете едноставно да го заокружите она што ве интересира – во овој случај, објава на социјалните мрежи – и функцијата Пребарување со заокружување (Circle to Search) брзо извлекува релевантни информации, како што се детали за изложбата.

За одредени пребарувања, оваа функција, исто така, ви овозможува да прегледувате со помош на AI за полесно да ги разберете концептите, идеите или темите од корисните информации собрани од целиот веб. На овој начин, долго време пред вашите патувања, вештачката интелигенција додава нова димензија на подготовка, помагајќи ви да ја следите вашата љубопитност со доверба.

ПРВ ДЕН: Комуницирате преку јазичните бариери благодарение на вашиот личен џебен преведувач.

Сместувајќи се во вашиот хостел, сакате да запознаете луѓе и да добиете совети за тоа каде да јадете и што да видите. Но, иако патувањето е возбудливо искуство, тоа може да биде предизвик ако не го зборувате јазикот. Во просторот за одмор во хостелот ќе ја искористите функцијата Interpreter на Galaxy S24 за да ги избегнете јазичните разлики и да разговарате со вашите сопатници во реално време и лично, барајќи од нив препораки за места за разгледување. На едната страна од екранот е преведениот аудио текст на лицето со кое разговарате, а на другата страна е вашиот дел од разговорот преведен за него.

Откако се договоривте да се сретнете со вашите нови сопатници подоцна на вечера покрај Сена, ја користите алатката Преведување на пораки на функцијата Помош за разговор (Chat Assist) за да останете во контакт со нив во текот на денот и совршено да ги темпирате вашите средби. Со комбинирање на алатката Преведување на пораки со алатката Стил за пишување на функцијата Помош за разговор (Chat Assist), вие можете автоматски да ги приспособите вашите пораки за да бидете сигурни дека користите пријателски тон наместо ненамерно нагласен, формален тон.

Благодарение на мобилната вештачка интелигенција, вашето патување може да биде огромно социјално искуство, создавајќи значајни односи преку јазичните бариери во моментот!

ПОСЛЕДЕН: Како што вашето патување полека завршува, вашиот телефон со вештачка интелигенција ви помага да ги уредите вашите фотографии од викендот.

Наскоро, вие ќе го јадете вашиот последен чоколаден кроасан на аеродромот Шарл де Гол, размислувајќи за вашиот премногу краток викенд во Градот на светлината.

Сакате да им испратите на пријателите од хостелот групна фотографија од сите вас пред Ајфеловата кула, но добронамерниот минувач, кој ве фотографирал, малку ја згрешил композицијата. Ајфеловата кула е закосена, а вашата група е надесно наместо во центарот. Со функцијата Генеративно уредување (Generative Edit), вие можете да излезете од границите на фотографијата и да ги поправите овие проблеми со неколку допири.

Кога ја ротирате сликата за да ја исправите најкултната структура во Франција, функцијата Генеративно уредување (Generative Edit) ги пополнува новосоздадените празни места во аглите користејќи интелигентна технологија на пресликување за да го прошири она што е веќе таму, без потреба од сечење. Што се однесува до вас и вашите пријатели, едноставно изберете ги со прстот, преместете ги во центарот и со помош на можностите за цртање на функцијата Генеративно уредување (Generative Edit) ќе го пополните празното место.

Со Galaxy S24, мобилната вештачка интелигенција нема да ја промени само логистиката на патувањето. Таа, во голема мера, ќе го промени и патникот, поттикнувајќи му го чувството за откривање, охрабрувајќи значајна интеракција со локалното население и правејќи светот да се чувствува повеличествено, но истовремено попристапно од кога било.

 

[1] Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно најрано до крајот на 2025 година на поддржаните уреди на Samsung Galaxy.

[2]  Од безбедносни причини, функцијата Пребарување со заокружување (Circle to Search) може да има ограничена функционалност на апликациите заштитени со DRM, како што се апликациите за финансии и банкарство.

Повеќе од Технологија

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.