Интернет
Твитер двојно го зголемува бројот на карактери во пораките
По успешното тестирање Твитер одлучи двојно да ја зголеми максималната должина на пораките, односно од 140 на 280 карактери, соопшти американската компанија.
Веста претставува миниреволуција за социјалната мрежа, која спроведе тестирање во септември меѓу своите корисници.
– Наша цел е да го направиме тоа, а истовремено да ја гарантираме брзината и кратката содржина, кои се олицетворение на Твитер. По резултатите од тестирањето со задоволство соопштуваме дека ја постигнавме целта и ќе извршиме промена на сите јазици, каде лимитот од 140 карактери им отежнува на корисниците, напиша компанијата на својот налог на Твитер.




