Creative
Њу Менс Бизнис Акцелераторот ја претстави македонската стартап сцена на Универзитетот Стенфорд
Во понеделникот на 8ми февруари 2016 година, на Факултетот за инженерство при Стенфорд Универзитетот, во срцето на Силиконската Долина, Ирена Чаушевска – основач и генерален директор на Њу Менс Бизнис Акцелераторот, презентираше краток осврт за Македонската и Југоисточно Европската стартап и претприемачка сцена пред студентите од Стенфорд и Силиконската долина, како и пред Европски професионалци и инвеститори.

Photo Credits: Burak Cetin, Burton Lee & Stanford University
Исто така, Чаушевска го најави почетокот на работа на Њу Менс Бизнис Акцелераторот во Силиконската Долина од оваа есен. Њу Менс планира секоја година да овозможува по две „класи“ од 3 или 4 стартапи од Југоисточна Европа да дојдат и да престојуваат во Северна Калифорнија која важи за центарот на стартап случувањата и можностите, се со цел да ги пласира нивните производи на Американскиот пазар, да им овозможи организирани обуки и менторство, и пронаоѓање на потенцијални глобални партнери и инвеститори.






