Интернет
ВНИМАВАЈТЕ: И Гугл доби „лажен профил“ на интернет!
Лажен Гугл?
Иако ова можеби ви звучи како наслов за привлекување на кликови, сепак е вистина! На интернет се појави лажен Гугл кој го посетува вашиот сајт, привлекувајќи ве да откриете кој го посетува вашиот интернет сајт.
Таканаречениот лажен „Google“ го откри тимот на интернет порталот Thenextweb.com кој забележал чудни посети на нивниот аналитикс: спам што им сугерираше да гласаат за Доналд Трамп. Чудното е што домејнот бил со името ɢoogle.com.




