Мобилни
Епл ќе ги замени батериите за Ајфон 6С кои ненадејно се гасат
Компанијата Епл нуди замена на батериите за Ајфон 6S на корисници чиј уред нагло се гаси. Ова е втора ваква понуда на Епл, а доаѓа по само неколку дена откако се појавија проблеми со екраните на Ајфон 6 плус.
„Утврдивме дека кај многу мал број на уреди Ајфон 6S може да дојде до неочекувано гасење. Тоа не е безбедносен проблем и се однесува само на уреди со ограничен сериски број кои се произведени од септември до октомври 2015 година” – наведено е во соопштението на Епл.
Понудата може да се искористи на глобално ниво. Корисниците можат да одат до сервисните центри на Епл каде ќе бидат проверени сериските броеви на телефоните за да се утврди дали постои проблем со батеријата.




