Наука
Во петок започнува Стартап Викенд Скопје
Остануваат уште само неколку дена до настанот кој сите го очекуваме. Петтиот по ред Стартап Викенд Скопје започнува овој петок!
Од 20-ти до 22-ри ноември во просториите на CoSeed ќе имате шанса да се запознаете со дел од локалната стартап заедница, да ги претставите и развиете вашите идеи и да креирате тим.
Дополнително ќе имате можност за учество на локални и регионални настани и конференции, да освоите одлични награди или инвестиции од партнерите кои ќе ви помогнат брзо и лесно да ги реализирате своите стартап идеи, како и да се стекнете со непроценливо искуство споделено од професионалци.




