Creative
Втор TEDxBASSalon настан во Скопје: “Економската пресметка: Запад VS. Исток”
Економија, глобални политики, Америка, Кина, движења на капитал, долгови, инвестиции. Често дискутирани теми и поими кои еден тим од млади ентузијасти веруваат дека треба да бидат приближени кон љубопитните умови на сите македонски TED љубители и тоа со помош на вториот од серијата шест лиценцирани TEDxBASSalon настани.

Темата како што велат организаторите ќе биде “Економската пресметка: Запад vs. Исток” а целта на настанот ќе биде истовремено едуцирање на учесниците за Кинескиот економски модел и поттикнување на дискусијата чија што цел ќе биде утврдување на причините за успешност на кинескиот економски модел а воедно и откривање на последиците од рапидното развивање на кинеската економија. Меѓудругото, на настанот ќе се бараат и одговори на прашањата од типот на:
“Кина во декември, минатата година го превзеде приматот од САД и стана број 1 економија во светот во однос на големина. На што се должи ваквиот успех? Како Истокот успеа да го прекине 140-годишното економско лидерство на Западот? Благодарение на ваквиот успех многу држави со аспирација гледаат кон Кинескиот економски модел. Но, дали овој економски модел е навистина толку добар? Кои се можните или пак веќе присутните последици од ваквото рапидно развивање на кинеската економија? Истотака, алараманти се најавите за големиот троен скок на економијата на Кина до 2024. Вистинското прашање е дали Кина ќе успее да избегне економска имплозија до годината 2024?”





