Наука
Утре и задутре прв уписен рок за запишување во средните училишта
Почнува запишувањето на полуматурантите во средно образование кое е задолжително во Македонија. Утре и задутре е првото пријавување во јунскиот уписен рок за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2015/2016 година. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 24 јуни.
Според Конкурсот кој Министерството за образование и наука го објави на крајот на март, второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 29-ти и 30 јуни, а резултатите од запишувањето ќе бидат објавени на 1 јули.
Во Конкурсот, објавен на веб-страницата на МОН www.mon.gov.mk, се наведени слободните места за гимназиско, стручно и уметничко образование во средните училишта во Град Скопје и во сите општини во државата, условите за запишување и критериумите за избор на кандидатите, потребните документи и конкурсните рокови.




