Сцена
Адел проговори за мајчинството: Мислев дека ќе биде полесно
Откако првиот сингл „Hello“ од новиот албум на Адел почна да ги урива рекордите, пејачката се огласи во јавноста со интервју за музичкиот магазин „Ај-Ди“.
Во интервјуто Адел признава дека големо влијание на нејзината кариера имале Ејми Вајнхаус и Френк Синатра.
– Ако не беа Ејми и Френк Синатра, сто отсто сум сигурна дека никогаш не би земала гитара в рака и не би ги напишала „Daydreamer“, „Hometown“ или „Someone like you“, изјави Адел.




