Сцена
Џорџ и Амал Клуни згрижија куче од засолниште
Американскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал во средата згрижиле куче од едно засолниште за напуштени животни во Калифорнија.
– Четиригодишната женка Мили доби нов дом, објави засолништето Ес-Џи-Ви-Џи-Ес на својот профил на Фејсбук, публикувајќи и фотографија на двојката со новиот миленик.
Мили е куче од сортата басет, со долги уши и препознатлив „тажен поглед“.




