Сцена
Адел веќе една година одбива понуда да соработува со Бијонсе
Според најновите написи, Адел и после една година убедување не сакала да ја прифати соработката со Бијонсе.
Британската пејачка неодамна го објави веќе многу популарниот сингл „Hello“, а на 15 овој месец ќе го објави и новиот албум наречен „25“.
Многу колеги музичари ја пофалија, меѓу кои и Сем Смит и Кети Пери. Американската ѕвезда Бијонсе исто така ја сака Адел, толку многу што повеќе од една година се обидува да ја наговори да соработуваат.




