МК Сцена
Скопски фестивал 2015: На 25-метарска бина в четврток 18 натпреварувачи ќе се борат за 22.000 евра
Фото: ТВ Орбис
Востановен од генерации на ентузијасти во 1968 година , Фестивалот на забавни мелодии „Скопје“ , не само што ја потврди и оправда заложбата , да се има своја автохтона , сцена и музички израз , туку и самиот прерасна во културолошки белег , нераскинливо поврзан со развојот на Македонската Радио Телевизија, но и на државата.
Голем број на авторски и интерпретаторски имиња, својот професионален и уметнички кредибилитет го градеа паралелно со развојот на фестивалот , збогатувајќи ја македонската музичка продукција на забавни мелодии . Огромниот број песни и хитови коишто траат до денес, го потврдуваат реномето на фестивалот кој заслужено стана – не само фестивалски бренд на МРТ , туку и репер за создавањето на сите други фестивали во земјава.




