Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Актерот Адам Драјвер ослабна до непрепознатливост (ФОТО)

Сцена

Актерот Адам Драјвер ослабна до непрепознатливост (ФОТО)

Актерот Адам Драјвер за потребите на филмот „Тишина“ на Мартин Скоресезе, ослабна дури 23 килограми и сега изгледа речиси непрепознатливо.

Драјвер (33), кој во филмот толкува улога на свештеник, изјави дека му било многу тешко во напорите за симнување на килограмите, но дека сепак не се откажал од својата намера.

– Пред почетокот на снимањето ослабнав 14 килограми, а за време на самото снимање уште над осум килограми. Тоа беше потребно бидејќи играм езуитски свештеник од 17-от век, кој непрекинато патувал две години, соочувајќи се со болести и глад, изјави Драјвер.

Тој призна дека за намалување на килограмите бил поттикнат од самиот Скорсезе.

– Се изложив на екстремен режим на исхрана. Во текот на снимањето често немав сила да правам ништо повеќе од она што се бараше од мене за потребите на филмот. Ми беше тешко дури и да размислувам, изјави Драјвер.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.