Сцена
Ален Исламовиќ ќе настапи на „Макфест 2022“!
Без сомнение ова издание на фестивалот „Макфест“ кое е планирано да се одржи на 21-ви и 22-ри октомври во градот Штип по многу нешта ќе биде посебно.
Ќе биде посебно, бидејќи на сцената во домот на културата во Штип ќе настапат едни од најголемите имиња од македонската естрада.
Како што веќе ве информираме, после неколку години на фестивалот се враќа Тамара Тодевска, ќе ги видиме и момците од рап-дуото „Два Бона“, потоа Пајак и Лара Иванова, Ламбе Албакоски, Викторија Лоба, еворвизиската преставничка Андра Коевска, атрактивната Андријана Петрушовска и уште многу други.




