Сцена
Награда за „Најдобра ТВ серија“ за Балканска приказна од Федерацијата на балканските здруженија Румели
ТВ серијата „Балканска приказна“ којашто се снима во Скопје а веќе неколку месеци се прикажува на Турската национална телевизија, доби награда за „Најдобра ТВ серија“ од страна на Федерацијата на балкански здруженија Румели во Истанбул. Наградата ја подигнаа главните актери Ердал Озјаџилар, Мерих Озтурк и Селвије Хуријет.
Мерих Озтурк, која се заблагодари на Федерацијата на балканските здруженија Румели што ја сметаат Балканска приказна за достојна за една ваква убава награда, рече:
„Наградата ја добиваме во име на целиот тим на Балканската приказна. Ви благодариме многу што токму оваа награда ја доделувате на нашата серија, која се снима на Балканот и каде што ја покажуваме таа шарена и убава култура, директно од Скопје“.




