Сцена
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Да ѝ помогнеме на Матеа побрзо да се врати во училиште помеѓу своите другарчиња
Матеа Матовска е 12 годишна ученичка која боледува од акутна миелоидна леукемија. Во моментов е хоспитализирана на одделот за хематоонкологија каде е изложена на хемотерапија.
Поради природата на болеста потребно е лекувањето што поскоро да се продолжи надвор од нашата земја. Лекувањето е долго и скапо, а ќе претстои и трансплантација на коскена срж.
Да ѝ помогнеме на Матеа побрзо да се врати во училиште помеѓу своите другарчиња!




