Хуманост
На малиот Војдан му е потребна голема помош: СЕКОЈА ДОНАЦИЈА Е НОВ ЧЕКОР НАПРЕД
Среќно и безгрижно детство без здравствени проблеми е желба на секој родител и згрижувач на секое дете. Малиот Војдан Спасовски уште во својата прва година од животот нажалост се соочува со еден од најстрашните непријатели на денешницата – церебрална парализа.
На малиот Војдан му е потребна голема помош, затоа што секоја донација, без разлика колку голема, е нов чекор напред во неговата секојдневна борба.
Технологијата и модерните можности за неопходната интензивна рехабилитација и физикална терапија во Загреб, пропратени со редовни контроли и мултидисциплинарно следење на состојбата, константни вежби, како што е и наведено во препораката од „Поликлиниката за физикална медицина и рехабилитација“ од Загреб, се шансата Војдан да продолжи да го живее животот, којшто штотуку му започнува и којшто го заслужува како и секое друго дете.



