Сцена
БАКНЕЖ ЗА СМИРУВАЊЕ: Џастин Бибер и Селена Гомез се повторно заедно (ФОТО)
Гласините се потврдени – Џастин Бибер и Селена Гомез се повторно заедно!
Откако пред три недели Бибер и Гомез беа видени во заедничко друштво во неговата вила, јавноста започна да се прашува дали најпознатиот поп пар е повторно заедно.
Сепак, гласините изгледа се точни. Младиот пар бил фотографиран како се бакнува на еден од хокејските натпревари на Џастин. По сѐ, изгледа Селена како добра девојка дошла да го бодри своето момче, а тие не ја пропуштија можноста да разменат бакнежи во јавност, па дури и да бидат фотографирани од папараците.






