Шоубиз
Поранешен пријател на Џастин Бибер верува дека пејачот е во култ
Рајан Гуд, долгогодишен пријател на Џастин Бибер и ко-основач и креативен директор на модниот бренд на Бибер, „Drew House“, верува дека пејачот е во култ. Извори за TMZ изјавиле дека Рајан не разговарал со Џастин повеќе од една година бидејќи е загрижен поради неговиот пастор, Џуда Смит.
Гуд, наводно, ја напуштил црквата Churchome која ја посетува Бибер во Беверли Хилс, каде Смит е еден од водачите. Рајан верувал дека истата црква е всушност култ, а откако Бибер се зближил со Смит, тој се разделил од пејачот и наводно престанал да разговара со него.
Колку Џастин станал близок со својот свештеник покажува и фактот што пред неколку години го направи Смит член на управниот одбор на „Drew House“, и покрај тензиите меѓу нив и Гуд. Изворите велат дека одлуката на Џастин била „чудна“ со оглед на тоа што свештеникот не е бизнисмен.




