Сцена
Битолскиот народен театар со ,,Хамлет-денот на убиствата“, гостува на фестивал во Полска
На 06.10 со претставата ,,Хамлет-денот на убиствата“, според пиесата на Бернар-Мари Колтес, во режија на Марјан Неќак, Битолскиот народен театар ќе земе учество на Интернационален фестивал во Бјалисток, Полска.
Оваа претстава ја доби престижната наградата за најдобра претстава на Фестивалот ИНФАНТ во Нови Сад, Србија, а беше дел и од програмата на 32-от Интернационален фестивал на Камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.
Режисер и автор на музиката е Марјан Неќак. Во претставата се употребени фрагменти од аријата „Nessun Dorma“ од операта „Турандот“ на Ѓакомо Пучини и фрагмент од песната „What was I made for“ од Били Елиш; стихови од Вилијам Шекспир, Оскар Вајлд, Рајнер Марија Рилке, Емили Дикинсон, Борис Пастернак.






