Сцена
Боб Дилан нема да присуствува на доделувањето на Нобеловата награда
Американскиот музичар и поет Боб Дилан нема да присуствува на церемонијата на доделување на Нобеловата награда за литература поради „други обврски“, соопшти денеска Шведската академија.
Академијата вчера примила писмо од Дилан во кое објаснува дека е спречен да присуствува на доделувањето на Нобеловата награда за литература во декември во Стокхолм.
– Се надевав дека лично ќе ја примам наградата, но за жал ме спречија други обврски. Се чувствувам неверојатно почестен што ми е доделена Нобеловата награда, пишува Дилан во писмото.




