Шоубиз
Деми Мур во трка за Оскар – триумфираше на Critics’ Choice Awards
Деми Мур ја освои престижната награда за најдобра актерка на доделувањето на Critics’ Choice Awards во Лос Анџелес, зацврстувајќи ја својата позиција како главна фаворитка за Оскар. Истовремено, шансите на контроверзната шпанска актерка Карла Софија Гаскоњ полека опаѓаат.
Триумф за Мур и нејзиниот филм “Substance”
Познатата холивудска ѕвезда од 90-тите, која блесна во “Ghost”, “Striptease” и “G.I. Jane”, беше наградена за улогата во “Substance” – хорор-трилер на француската режисерка Корали Фаргеат. Филмот освои признание и за најдобро оригинално сценарио, што дополнително ја зацврсти неговата позиција во трката за престижните филмски награди.



