МК Сцена
„Браќа Манаки“ доби специјална награда од Британското здружение на кинематографери
Британското здружение на кинематографери му додели специјална награда на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ за неговиот придонес во кинематографијата. Наградата беше врачена на свечена церемонија во Лондон на директорот на фестивалот, Симеон Мони Дамевски.
На овој настан се доделуваат годишни награди за достигнувања во областа на кинематографијата, вклучувајќи награди за животно дело, студентски, краткометражни и долгометражни филмови, како и технолошки иновации во оваа сфера.
Фестивалот „Браќа Манаки“ е најстариот во светот посветен исклучиво на уметноста на кинематографијата и повеќе од четири децении ја истакнува работата на кинематограферите. Наградата што ја додели Британското здружение на кинематографери претставува признание за фестивалот како платформа што ја поддржува оваа професија и придонесува за нејзината афирмација на глобално ниво.




