Настани
Богата програма за „Златните денови“ во Кратово од 8 до 10 јули
Трета година по ред, градот на кулите и мостовите, ќе биде домаќин и организатор на фестивалот на музиката и забавата. Журката која ќе трае до зори и оваа година ќе направи се за да го оправда постоењето и епитетот бренд на Кратово и североистокот , кој како таков успеа да се наметне по само две изминати изданија.
И оваа година програмата на фестивалот ќе понуди содржини за сите генерации и сите вкусови. Фестивалот го задржува концептот да биде обезбедена една балканска ѕвезда а и моментот дел од првата вечер да биде посветена на одредена музичка личност или одредена тематика.
Затоа во првата вечер дел од програмата , односно 90 тина минути ќе бидат концептирани во чест и за потсетување на најголемите македонски новосоздадени хитови во фолклорната музика во последните 25 години.




