МК Сцена
Вечерва „Скопје за Боуви“ во Градскиот парк во Скопје
Под мотото „Скопје за Боуви“ во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи деветтото издание на мултимедијалниот настан „Види музика, слушни слика, добиј книга“.
Годинашното издание е посветено во чест на британската музичка легенда Дејвид Боуви.
Оркестарот на Македонската филхармонија под диригентство на Емин Џијан, придружен од Женскиот хор при МКЦ, со почеток од 21 часот во Градскиот парк во Скопје, ќе изведе некои од најголемите хитови на Боуви.




