Настани
OFF програма на 15. Филозофски Филмски фестивал: Проекција на филмови и разговор со Меријам Тафакори
Филозофскиот филмски фестивал – Скопје со гордост ве поканува на проекција на четири филмови од Меријам Тафакори, наградувана иранско-британска уметница и филмска авторка, чии дела се одликуваат со длабока филозофска релевантност и иновативен пристап кон филмскиот јазик.
Проекцијата ќе се одржи на 28. март (петок), во 20:00 часот, во Музејот на современа уметност – Скопје. Ќе се проектираат следниве филмови: „Irani Bag“ (2021, 8’), „Nazarbazi“ (2022, 20’), „Code Names“ (2022, 21’) и „Mast-del“ (2023, 18’). По проекцијата ќе следи онлајн разговор со Меријам Тафакори, а модератори на разговорот ќе бидат Ивана Мирчевска и Ѓорги Пулевски.
Во врска со проекцијата, на 27. март (четврток) од 18:00 часот во КСП Центар-Јадро ќе биде одржана работилница, на која учесниците, преку користење на колажни техники, реорганизирање на постоечки визуелни архиви, текст и звук, ќе имаат можност да истражат нови релации, значења и наративи, инспирирани од нејзиниот уникатен пристап.




