Сцена
Бред конечно и се извини на Џенифер
Бред Пит и Џенифер Анистон се венчаа во 2000 година во Малибу по две годишна љубовна врска, а често се сметаа за совршена двојка, се додека Бред не се вљуби во фаталната Анџелина, за време на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, која една година претходно се разведе од актерот Били Боб Торнтон.
Врз Анџелина веднаш започна „медиумско линчување“, како уништувач на бракови, а се шпекулираше и дека нејзината врска со Бред траела и претходно, пред тој официјално да прекине со Џенифер во 2005 година, иако таквите гласини никогаш не беа потврдени. Џенифер во едно интервју тогаш кратко и дамски го коментираше разводот.
Но, во септември 2016 година порталот ТМЗ прв ги пренесе вестите дека Анџелина поднела барање за развод и за старателство над децата. Се шпекулираше дека Бред ја изневерувал, психички злоставувал, пиел и бил насилен кон нивните деца, па нивното прекинување со денови беше главна тема на сите насловни страници.




