Сцена
Црвен крст и Хонда Клуб Македонија заедно во хумана мисија
Црвениот крст на РМ Општинска организација Центар и Хонда Клуб Македонија, повторно заедно во хумана мисија.
Овој пат на ден 26.06.2016 во Мотоцентар на Качанички пат, собирот на Хонда добива хуманитарен карактер со тоа што сите присутни ке имаат прилика да донираат на штандот на Црвениот Крст Центар за помош на малиот Александар Додевски од Куманово, за кој се потребни финансиски средства за да се направи операција – трансплантација на црниот дроб бидејки боледува од цироза.





