Актуелно
Итно копче – технологија што спасува живот со успешна реализација
Продолжува партнерството на Фондацијата Телеком и Црвениот Крст за проект наменет зa лица во трето доба.
Фондацијата Телеком за Македонија и Црвениот крст на Република Северна Македонија го продолжуваат партнерството за Итно копче, иновативна услуга преку која со технологија се обезбедува помош за повозрасната популација. Итно копче е револуционерно решение чијашто цел е да се обезбеди брза реакција за повозрасните или изнемоштените лица преку едноставно притискање копче коешто се наоѓа на уред во форма на рачен часовник.
„Како партнери на Црвениот крст, од самиот почеток на проектот придонесуваме оваа иновативна услуга, којашто веќе се практикува во повеќе европски земји, да се постави и во Македонија. Технологијата е алатка којашто треба да му служи на човекот, а Итно копче е токму таква успешна приказна.“ – изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.



