„Дали си проститутка?“ : Џенифер Анистон доби непријатно прашање на интервју
Џенифер Анистон (52) непријатно се изненадилa за време на интервју за емисијата „This Morning“, бидејќи мислела дека водителката Џоси Гибсон ја прашала „дали е проститутка?“.
За актерката претставувал проблем британскиот акцент на водителката поради што тешко разбирала некои од прашањата. Прашањето кое предизивика најголем проблем било „Аre you a hugger?“, што на Џенифер и звучело како „hooker“, а во превод тоа би значело „Дали си проститутка?“.





