Сцена
Дејвид Боуви кремиран во тајност во Њујорк
Легендарниот музичар Дејвид Боуви бил кремиран во целосна тајност, наводно и без присуство на семејството и блиските пријатели, објави ексклузивно британскиот „Дејли Мирор“.
Боуви, според весникот, не сакал голем погреб, туку сакал „да замине мирно без никакви посебни церемонии, бидејќи не сакал да го паметат по тоа, туку по неговите песни“.
Неговото тело било кремирано многу набрзо по смрта, тврди изворот за „Дњјли Мирор“.




