Сцена
Дениз Абдула: „Турбо-фолкот ги уништува младите, а турските серии старите”
Последната епизода на „Нешто конкретно“ го донесе прашањето: Дали ќе не биде, како нација и како генерација?
Понесени од секојдневните заклучоци дека сме неспособни, неснајдени, конформиси и необразовани, водителката Велков, ги постави токму овие прашања на гостите Агим Јонуз, Роберт Јанков, Ивана Кнез и Дениз Абдула. На дел од понудените опции гостите се разидуваа, но на дел комплетно се согласија.
Па така Агим Јонуз заклучи дека како нација сме комплетно неспособни на што актерот Дениз Абдула и водителот на утринската на Канал 5, Роберт Јанков, му реплицираа дека не сме неспособни туку само сме мрзливи. Роберт се пошегува на своја сметка бидејки слуша сѐ и сешто од гледачите наутро кога му се јавуваат па кажа дека сам себе си се јавува да си ги каже маките.





