Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Каква музика слуша кралот Чарлс Трети?

Магазин

Каква музика слуша кралот Чарлс Трети?

Британскиот крал Чарлс учествуваше во радиоемисијата „The King’s Music Room“ на Apple Music споделувајќи ја со слушателите неговата лична листа на омилени хитови, истакнувајќи ги жанровите диско, реге и афробит.

Боб Марли, Кајли Миног, Грејс Џонс и современите уметници Давидо и Raye се меѓу оние кои се најдоа на листата најдобри песни на Чарлс.

Маркетинг

Снимајќи ја емисијата за Apple Music 1 во неговата канцеларија во Бакингемската палата, кралот раскажа бројни анегдоти од неговите средби со некои од уметниците и откри кои одбрани песни го формирале „саундтракот на неговиот живот“. Тој зборуваше за влијанието што музиката го има врз него, нејзината способност да евоцира радосни спомени, утеха во моментите на тага и да донесе радост.

Во промотивното видео, кралот е прикажан како седи на својата работна маса и ги снима своите зборови, со осветлен знак „On Air“ до него. „Во текот на мојот живот, музиката ми значеше многу. Ја има оваа извонредна способност да врати среќни спомени кои никнуваат од најдлабоките делови на нашето сеќавање, да не утеши во моментите на тага и да не однесе на далечни места. Но, можеби, пред сè, може да ни го подигне духот“, рече тој.

„Значи, ова е она што особено сакав да го споделам – песните што ми донесоа радост“, рече кралот Чарлс.

Емисијата ќе се емитува в понеделник наутро, на националниот празник на Велика Британија – Денот нa Комонвелтот.

 

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.