Сцена
Две нови награди за Манчевски, „Кајмак“ стартува во холандските кина, распродаден во Лондон
Уште две нови меѓународни награди освои овој месец најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, а неговиот најнов филм „Кајмак“ продолжува со фестивалските прикажувања и кинопремиери низ Европа.
Манчевски ја доби Наградата за достигнувања во филмот на фестивалот БАНЕФ во Стокхолм, кој во образложението истакна:
„Милчо Манчевски ја добива фестивалската награда за неговите филмски остварувања, за создавање слики кои постојано ги доведуваат во прашање границите на жанровите, со избегнување конвенции, што кинестетички го канонизира како американски режисер во Европа“. Фестивалот вели и дека „Кајмак“ ги прикажува жените поослободени, похрабри, понезависни, додека сурогат мајките станаа вообичаен феномен“.




