Сцена
Синдикатот на холивудски актери го финализира договорот со холивудските студија
Синдикатот на холивудските актери SAG-AFTRA потпиша тригодишен договор со големите филмски студија, со што официјално заврши најдолгиот штрајк што ја парализираше филмската и телевизиската продукција шест месеци.
SAG-AFTRA објави дека 78 отсто од нејзините членови со право на глас ги поддржале договорите со компании како што се Netflix Inc, Walt Disney Co и други членови на Алијансата на филмски и телевизиски продуценти (AMPTP).
Склучен по 118 дена штрајк, договорот носи значително зголемување на платите, специјални награди за актери во филмови или серии кои доживуваат голем успех во прикажувањето и конечно заштитни мерки во употребата на вештачката интелигенција (AI) во филмската продукција.




