МК Сцена
Сања за Перо Антиќ: „На почетокот беше алфа мажјак, сега омекна
Искрени признанија, хумор и интересни животни приказни донесе новата епизода од емисијата „Нешто конкретно“, во која гостуваа Сања Ристиќ и Перо Антиќ, еден од најпознатите македонски парови.
Во разговорот тие отворено зборуваа за нивната врска, за карактерите и за тоа како со текот на времето се менуваат луѓето.
Сања низ смеа откри дека на почетокот на нивната врска Перо бил вистински „алфа мажјак“, но дека со годините се променил.
„На почетокот Перо беше алфа мажјак, ама сега омекна“, рече таа.
Перо веднаш возврати со шега:
„Е кој се разбрал со жена, најдобро е само да си климаш со главата.“
Сања: „Не сум скромна и сакам да живеам убаво“
Во текот на разговорот се отвори и темата за скромноста и самодовербата.
Сања Ристиќ откри дека уште од мала не била воспитувана да биде скромна.
Таа се потсети на периодот кога како дете стекнала популарност со песната „Ех, тој Тоше“, кога, како што вели, сè морало да биде по последна мода или специјално направено за неа.
„Не ме учеа да сум скромна. Не сум скромна ни сега и сакам да живеам убаво од својот труд“, искрено призна Сања.
Таа додаде дека секогаш стои зад својот став, потсетувајќи и на ситуацијата кога јавно го бранеше Перо на социјалните мрежи, кога тој беше мета на критики.
Марија Васиќ: „Титулата Мис не значи дека не си скромен“
Во емисијата гостуваше и Марија Васиќ, која беше Мис на Македонија во 2003 година, а денес работи како доктор анестезиолог.
Таа објасни дека јавната експонираност не значи дека човек не може да биде скромен.
„Скромноста не се покажува со тоа колку се експонираш, туку со постапките“, истакна Васиќ.
Перо Антиќ: „Морав постојано да му се докажувам на татко ми“
Поранешниот кошаркар зборуваше и за својот однос со татко му, откривајќи дека тој бил многу строг.
„Татко ми дојде само на девет мои натпревари“, раскажа Антиќ.
Интересна е и приказната од неговите почетоци во кошарката.
„Кога почнав да играм, татко ми немаше поим. Тренерот случајно го познал презимето и му се јавил, а татко ми му рекол: ‘Ако го бива – добро, ако не, праќај го дома!’“
Според него, токму ваквиот пристап го направил посилен и му помогнал да изгради самодоверба.
Горан Миќиќ: „Татко ми мислеше дека тату мајсторите се криминалци“
Во емисијата се приклучи и тату-мајсторот Горан Миќиќ, на кого ова му беше прво појавување во јавноста по победата над ракот на тироидната жлезда.
Тој откри дека на почетокот неговиот татко, познатиот естраден новинар Дуле Миќиќ, не го поддржувал неговиот избор на професија.
Причината биле стереотипите дека тетоважи прават криминалци или наркомани.
Миќиќ истакна и дека Перо Антиќ му помогнал во кариерата, бидејќи преку него почнале да доаѓаат нови клиенти.
Интересно прашање за Перо
На крајот од емисијата Перо Антиќ доби интересно прашање:
Што бара поголема самодоверба – шут во последната секунда на натпревар или да побараш девојка за жена?
Каков беше неговиот одговор – погледнете во видеото.
Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.




