Сцена
Џез Фабрика Фестивал Битола дел од најголемата светска мрежа на Арт Фестивали.
На покана на ChinaSPAF 2024 и Network of Silk Road Arts Festivals Џез Фабрика Фестивалот Битола е единствениот фестивал кој ќе ја претставува Македонија во рамките на оваа значајна меѓународна конференција на Арт фестивали која се одржува во Шангај Кина.
Во рамките на конференцијата видео презентација за фестивалот и Општина Битола ќе реализира директорот на ЏФФ проф. м-р Сашо Поповски и ќе ги запознае присутните – повеќе од седумстотини делегати, со формата, моделот и реализацијата на фестивалот како и можностите за културна соработка на Општина Битола со останатите фестивали – градови претставувани од делегатите учесници на конференцијата.





