Настани
„ЕГЗИТ“ СО НОВ ХЕДЛАЈНЕР: Стигнува и рап суперѕвездата Френч Монтана!
Овогодишниот EXIT (ЕГЗИТ) фестивал ќе ги собере на едно место најбараните ѕвезди на денешницата, а оваа ударна селекција тукушто стана посилна со уште една суперѕвезда!
Директно од врвовите на светските топ листи во петок, 13-ти јули, на главната бина на официјално најдобриот европски фестивал стигнува еден од најбараните светски рапери, French Montana (Френч Монтана)! Фамозниот музичар од Бронкс е сопственик на албумите и сингловите од врвот на американските топ листи, како и добитник на три престижни БЕТ награди, покрај трите Греми и една Билборд номинација, а неговиот мултиплатинест хит „Unforgettable“, минатата година експлодира на радио станиците ширум светот и денеска има вртоглави 700 милиони ЈуТјуб прегледувања!
French има соработувано со плејада ѕвезди, како што се уште еден од хедлајнерите на овогодишниот EXIT фестивал, една од најголемите групи на денешницата – Мигос, но и Дејвид Гета, Д Викенд, Кање Вест, Џенифер Лопез, Мајли Сајрус, Виз Калифа, Џејсон Деруло, Афроџек, Карди Би, Дрејк, Рик Рос и бројни други, додека негов издавач е никој друг туку Пи Диди. Не му одолеа ниту Холивуд, па најпопуларниот суперхерој кој ги полни кино-салите ширум светот, „Deadpool“, во саундтракот го има неговиот актуелен хит „Welcome To The Party“ кој се наоѓа високо на ЈуТјуб „трендинг“ листата!




