МК Сцена
Бесплатен влез за отворањето на Базен Аеродром
Време е да се најде совршеното прибежиште од летните горештини. Базен Аеродром од петок, 08.06.2018, ќе го нуди токму тоа и многу повеќе. Овој комплекс покрај одличните води нуди и добра музика, журка, рекреација и вкусна храна.
Најголемиот отворен базен во Македонија, Базен Аеродром, е место создадено да ги негува потребите на посетителите за време на високите температури. Од петок се очекува ова место создадено за рекреација, одмор и разладување да се надгради со одлични забави и многу новитети. Ресторанот ќе биде задолжен за надополнување на ова целосно уживање со добра храна и освежителни пијалоци со што базенот ќе се претвори во перфектното место за денови исполнети со вистинско уживање.
Самото отворање во петок, 08.06.2018, ќе биде бесплатно и сите ќе можат да се впуштат во сончање, пливање и забава на вода која ќе им дојде како совршено уживање за претстојниот викенд.




