Настани
Во Нови Сад почнува EXIT, најголемиот музички фестивал во регионот
Од денеска до 14 јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад се одржува 24-от EXIT, повеќенаграден меѓународен летен музички фестивал, каде се очекуваат над 1.000 изведувачи од регионот и целиот свет.
Првиот ден од фестивалот е во знакот на роденденот на Никола Тесла, со слоганот „Заедно да ја разбудиме нашата супермоќ“, а музичката програма ќе ја предводат Бејби Лазања, и водечките уметници на новата генерација со американската поп ѕвезда Инико, Бурак Џетер, чиј специјален гостин е Димас Кудаиберген, а ќе настапат и Алисон Вондерленд и Теја Дора.
На МТС Денс Арена ќе настапат Карл Кокс, Бонобо, Блек Кофи, Мацео Плекс, како и предводниците на техно и хаус сцената на новата генерација, I Hate Models, Klangkuenstler, Patrick Mason, Franky Wah, Barry Can’t Swim, Sama’ Abdulhadi.




