Ем-ти-ви награди: Спектакуларни настапи, многу ѕвезди и инцидент на црвениот тепих
Доделувањето на наградите на Ем-ти-ви оваа година се врати во вообичаениот формат – се одржа во живо од „Центарот Баркли“ во Бруклин (Њујорк, САД) во присуство на публика. Во август, инаку, телевизијата прослави 40 години постоење. Водителка овојпат беше Доџа Кет.
Церемонијата на доделување на Ем-ти-ви видео-музичките награди се одржа во неделата вечер, а спектакуларното шоу го отвори поп-иконата Мадона, која на сцената се појави пеејќи го својот хит „Вог“ од 1990 година.




