Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Филмски фестивал во Венеција: Доделени главните награди, „Златен лав“ за француската драма „L’Événement“

Сцена

Заврши 78. издание на најстариот филмски фестивал.

L’Événement (Happening) во режија на Одри Диван, француска драма за илегални абортуси во шеесеттите години на минатиот век, ја доби наградата „Златен лав“ за најдобар филм на фестивалот во Венеција.

Пенелопе Круз беше прогласена за најдобра актерка на фестивалот за улогата во филмот „Parallel Mothers“ на шпанскиот режисер Педро Алмодовар, а најдобар актер според одлуката на жирито е Џон Арсилија за улогата во филипинскиот филм „On the Job: The Missing 8“.

Големата награда на жирито, со коe претседава јужнокорејскиот уметник Бонг Џун Хо, му припадна на италијанскиот режисер Паоло Сорентино за филмот „The Hand Of God “.

Сребрениот лав, наградата за најдобар режисер, отиде во рацете на режисерката од Нов Зеланд, Џејн Кампион, за филмот „The Power of the Dog”.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.