Сцена
Џенифер Лопез се подготвува да го освои Лас Вегас
Убавата Џенифер Лопез наскоро се подготвува да го освои Градот на гревот, како што популарно се нарекува Лас Вегас и таа не ја крие возбудата поради тоа.
Нејзиниот претстој во Планет Холивуд Хотелот и казино каде досега пееле Бритни Спирс, Селин Дион и Мараја Кери, ќе биде со многу изненадувања и специјални ефекти, како што открива таа, а ќе започне на 20 јануари 2016 година.
– Ова се многу поинтимни настапи, отколку кога сте на турнеа. Додека на концертите има околу 10 – 20 илјади луѓе, тука има само четири до пет илјади, така што и чувството е поинакво. Многу сум возбудена затоа што луѓето најпосле ќе можат да ја почувствуваат мојата вистинска енергија, откри Џенфер во неодамнешното интервју.




