Сцена
Џенифер Лоренс најави повлекување од филмското платно
Оскаровката Џенифер Лоренс одлучила да направи промени во својата кариера односно – се повлекува од актерството.
Имено, таа одлучи да земе една година пауза, за да се посвети на активностите во борбата за промена на антикорупциски закони во САД.
– Ќе работам во организацијата „represent.us“, којашто се залага за реформи на атикорупциски закони во сојузните држави и градови ширум Америка, со цел, да и се стави крај на корупцијата, изјави актерката, која „Форбс“ лани ја прогласи за најплатена глумица.




