Сцена
Ева Лонгорија „жари и пали“ по шпанските плажи
Ева Лонгорија допатува во Шпанија каде посветено работи за хуманитарната организација „Глобал Гифт Фондејшан“, но сепак најде малку слободно време за да ужива и на плажа.
Овие денови Ева била забележана на луксузна јахта крај брегот на Марбело, каде се забавувала со своите пријатели.
Набрзо потоа таа на Инстаграм објави неколку фотографии од одморот, на кои може да се забележи дека актерката има одлична линја.




