Патувања
Оваа плажа во Шпанија со 300 сончеви денови е рангирана како најсреќна! (ФОТО)
Шпанската плажа Ситџес, сместена во близина на Барселона, е официјално прогласена за „најсреќната“ во светот, според истражување на CV Villas.
Анализата, која користеше софтвер за препознавање лица за да анализира илјадници фотографии на Instagram, ја рангираше оваа дестинација на првото место со речиси совршен резултат од 98,42 поени.
Со 300 сончеви денови годишно, златен песок и живописно шеталиште полно со барови и ресторани, Ситџес привлекува туристи од целиот свет. Овој каталонски бисер располага со 17 песочни плажи и е познат по својата богата културна сцена, фестивали и музеи.
Во градот се наоѓа и музејот Кау Ферат, некогашниот дом на познатиот уметник Сантијаго Русињол, каде што се изложени дела од Ел Греко и Пикасо. Ситџес е познат и по својот голем карневал и реномираниот Меѓународен филмски фестивал за хорор и фантастика, каде што минатата година беше прикажан првиот македонски анимиран долгометражен филм Јон Вардар против Галаксијата на Гоце Цветановски.
Покрај природната убавина, еден од симболите на градот е црквата Свети Вартоломеј и Света Текла, позната како „Ла Пунта“, која доминира во крајбрежниот пејзаж.
Ситџес се најде на врвот на листата на најсреќни плажи, а во топ 10 влегоа и неколку други европски дестинации, меѓу кои:
- Праја да Фалесија (Португалија)
- Порт де Солер (Шпанија)
- Залив Росили (Велс)
- Залив Касвел (Велс)
- Плажа дес Саблет (Франција)
- Праја Дона Ана (Португалија)
- Праја до Вале де Сентеанес (Португалија)
- Плажата Елафониси (Грција)
- Плажата Аи Хелис (Грција)
Ако барате совршена летна дестинација, Ситџес дефинитивно заслужува место на вашата листа!
Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.



